Ивица Димитров Градоначалник на O.Виница

ivica-dimitrov

Ивица Димитров е роден на 30 април, 1983 година во Виница. Дипломирал на Технолошко-техничкиот факултет на Универзитетот “Гоце Делчев“ во Штип каде се стекнал со звањето инженер- технолог.

Од 2007 година до 2012 година работел како раководител во одделението за фарбање и печатење во фабриката за трикотажа „Зона Трико“ во Виница, а од 2013 до 2017 е главен технолог за производство во Модната групација „ИНТ–Трејд“ од Кочани. Пред да биде избран за градоначалник на општина Виница бил директор на Државен комунален инспекторат на Република Македонија . Димитров во континуитет се дообразувал и следел разни семинари во земјава и во странство. Во 2009 година следел обуки и семинари во компанијата Bezema во Швајцарија, каде се стекнал со сертификат за боење на текстилни материјали. Во 2010 одина и во 2011 година добил сертификат за перење и штампање на текстилни материјали во Либерец, Република Чешка, во компанијата Huntsman, а во 2016 година добил награда за најдобар технолог инженер за фарбање, перење и печатење на текстилни материјали во Република Македонија.

Го сака спортот, особено кошарката која претставува негово омилено хоби. Оженет e и татко на две деца.

Фото водич низ Виница

Службен весник на општината

Пиши му на Градоначалникот

Општина Виница на Facebook

Мапа на Општина Виница

Времето во Виница

Виница
18°
Mostly Cloudy
05:0419:48 CEST
Feels like: 18°C
Wind: 6km/h SW
Humidity: 61%
Pressure: 1009mbar
UV index: 3
MonTueWed
21/9°C
22/9°C
24/11°C

За подобра општина

Големина на Фонт