Детски градинки

ОЈУДГ Гоце Делчев

dg goce delcev

Детската градинка во Виница започнала со работа во 1971 година во новоизграден објект кој е споен со тогашните простории на Црвен крст и ресторантот за детска исхрана. Ново изградените простории заедно со постојните во почетокот претставувале доволен капацитет за престој на околу 60 деца, а вкупната површина на објектот изнесувала 600 м². Поради задоволување на потребите на родителите за згрижување на децата од предучилишна возраст, општеството продолжило со ширење на градинките во Републиката, па како резултат на тоа во 1981 година започнала со работа и новата градинка која може да прими значително поголем број на деца.

Во 1995 година, со примената на законските прописи со кои забавиштата преминуваат од училиштата во детските градинки, започнува да работи и детската градинка во Блатец. Со политиката на Владата на РМ за отварање на детски градинки во руралните населени места, од Октомври 2013 година започна со работа и детска градинка во Трсино. И конечно, на самиот крај на минатата година, свечено беше пуштена во употреба и детската градинка во Истибања, која е комплетно опремена, но се чекаат нови вработувања. Вкупно во четирите објекти на установата функционираат 17 групи према следниот преглед:

Број на групи
Објект 1 Виница……….број на групи 9
Објект 2 Виница……….број на групи6
Објект Блатец……….број на групи1
Објект Трсино……….број на групи1

Во сите објекти на КДУ „Гоце Делчев“ се сместени околу 350 деца, во кои се вклучени и децата од ромска националност преку проектите кои се финансирани од Ромскиот едукативен Фонд од Будимпешта. Во последните 5 години во објектите кои се лоцирани во градот , како и на објектот во Блатец , преземени се неколку инфраструктурни зафати за подобра енергетска ефикасност и подобри услови за престој на дечињата.

КОнтакт и повеќе инфо на:

Најнови вести

Фото водич низ Виница

Службен весник на општината

Пиши му на Градоначалникот

Општина Виница на Facebook

Мапа на Општина Виница

Времето во Виница

Виница
16°
Mostly Cloudy
05:0419:48 CEST
Feels like: 16°C
Wind: 4km/h S
Humidity: 73%
Pressure: 1008.9mbar
UV index: 2
MonTueWed
22/9°C
22/9°C
24/11°C

За подобра општина

Големина на Фонт