Училишта и градинки во Општина Виница

ОУ СЛАВЧО СТОЈМЕНСКИ

slavco-stojmenski

Училишната зграда во Виница е изградена1928 година и во неколку наврати е реновирана и доградувана. Во 1953-55 година е дограден втор спрат; 1976 година доградени нови 8 училници;Во 1990 година се дали на две основни училишта; 1996 е заменет кровот; 1997 е заменета електрична инсталација; 2001 година поставено парно греење; 2002 заменета надворешна столарија со алумински прозори и врати; 2005 изградени нови санитарни јазли; во 2008 година обновена е фасадата и реновирани се подовите во училниците; во 2010 е заменет училишниот мебел; 2011 замнети внатрешни врати со алуминиумски, уредени двата влеза, адаптирана е библиотека. Училиштето има 17 училници,  една наставничка канцаларија 48м2 и 4 (четири) канцеларии за административен и една за технички персонал. Училиштето располага со училишна кујна и трапезарија 100 м2 и училишна библиотека 16м2.Училишната зграда во с. Градец е комплетно реновирана во 1999 година со 9 училници со едносменско работење на подрачното улилиште; До училишната зграда е припоена повеќенаменска сала која е реновирана во 2013 година. Има централно греење на тврдо гориво. Училишната зграда во с. Лески  е изградена 1991 година има  5 училници, наставничка канцаларија, трапезарија и внатрешни санитарни јазли.

www.ouss.edu.mk

ОУ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ

ou-goce-delcev
ОУ „Гоце Делчев“ е изградено во 1990 година. Во состав на училиштето се и деветгодишното подрачно училиште во с. Истибања и петгодишното подрачно училиште во с. Јакимово. Во централното и во подрачните училишта, наставата ја реализираат вкупно 59 наставници со 607 ученици, распоредени во 41 паралелка, од кои 27 паралелки во Виница, 9 паралелки во Истибања и 5 паралелки во Јакимово.
Училиштето е препознатливо во општината и пошироката околина по квалитетната настава и по уредениот ентериер со уредени катчиња кои го привлекуваат вниманието на учениците и посетителите, како и големиот број на цвеќиња кои хортикултурно го оплеменуваат училишниот простор.
Во склоп на училиштето има и основно музичко училиште со Решение бр. 11-2683/4 од 30.01.2013 година извршена е верификација на образовната дејност- основно музичко образование од страна на Министерството за образование и наука. Во учебната 2018/19 год.- наставата се организира во  5 одделенија и тоа: 5 ученици во прво одделение, 2 ученици во второ одделение, 4 ученици во трето одделение, 1 ученик во петто одделение и 3 ученици во шесто одделение.

ОУ НИКОЛА ПАРАПУНОВ - С: ДРАГОБРАШТЕ

n-parapunov2
Училиштето “Никола Парапунов“  постои од 1948 година, тогаш како ОУ “Кирил и Методиj“. Од  24.02. 1966 е Централно Основно Училиште со име „ИвоЛола Рибар“ во с.Драгобраште во кое учат ученици од I –VIII одделение, со подрачни училишта во с.Пеклани,  с.Крушево, с Трсино, с.Грљани, с. Калиманци1, с.Калиманци2 во кои подрачни училишта учат ученици од I – IV одделение. Со текот на годините , силната миграција село-град, но и миграцијата надвор од државата, значително опаѓа бројот на ученици, што доведува до затварање на подрачните училишта во село Калиманци, па во село Грлани, и во село Крушево. Од 16.04. 1993г. училиштето е  „Никола Парапунов“ со подрачни училишта во с. Трсино и с. Пеклани во кои се изведува настава од I-V одделение. Оваа учебна 2018/ 2019 година, во училиштео учат вкупно 119 ученици. Учениците од останатите села се превезуваат во Драгобраште затоа што тука се изведува предметна настава од VI-IX одделение.

ОУ КОЧО РАЦИН - С. БЛАТЕЦ

kosta-racin

ОУ „Кочо Рацин“-Блатец се наоѓа во с.Блатец во подножјето на планината Плачковица, Општина Виница. Училиштето е изградено 1933 година.
Својата воспитно-образовна работа ја остварува под ингеренции на Oпштина Виница и опфаќа две други села Липец и Лаки. Сите обврзници од регионот на училиштето следат настава во деветгодишното училиште во с.Блатец и двете подрачни петтогодишни училишта во селата Липец и Лаки. Наставата во трите училишта се изведува на македонски јазик. Учениците посетуваат настава во една смена. Во училиштето постојат и паралелки за ученици со посебни образовни потреби.
Во склоп на училиштето работи и училишна библиотека, како и спортска сала. Училиштето располага и со две игралишта на отворено.

ФБ страна на училиштето

СОУ ВАНЧО ПРЌЕ

vanco-prke

Почнувајќи од 1963 год. па до денес ова училиште се развива сразмерно со градот и регионот во целост и претставува значаен сегмент и обликувач на културно образовниот дух на средината, носител на духовниот прогрес на градот кој нуди константна интелектуална понуда која во сите сфери на живеењето го дефинира растот на општината и на државата во целост. Училиштето е формирано со решението на одборниците на Собранието на Општина Виница,под број 01-2527 од 15.07.1963 год. На петти септември 1963 година и официјално започнува учебната година за 175 ученици. На претходно распишан конкурс, учениците биле запишани во прва и во втора година гимназиско образование, две паралелки во прва година и една паралелка во втора година која работела со наставни предмети од општествено-јазичен смер.

http://souvancoprke.gov.mk/

ГРАДИНКА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ

gradinka

Во установата се згрижени вкупно 436 деца од кои во Објект 1 се згрижени 216 дечиња, во Објект 2 – 166 дечиња, Блатец – 20 дечиња, Трсино – 13 дечиња, Истибања – 14 дечиња и во Центарот за ран детски развој во с.Лески – 7 дечиња, а за нив се грижат 46 вработени, од кои воспитувачи и негователи – 31 и помошно-технички персонал – 11 вработени.

Објект 1 или како што е  познат во градот како Нова градинка започнал со работа во 1981 година. Истиот се наоѓа на ул.„Стив Наумов“ бб

Објектот 2 – Стара градинка е изграден во период од 1966 до 1967 година, лоциран на ул.„Бел камен “бб, во централниот дел на градот.

Објектот именуван како други просторни услови во Блатец е во употреба од 1989 година и се наоѓа во делот на интернатот односно дом за лица со хендикеп .

Објектот во Трсино како детска градинка работи од Октомври 2013 година.

Детската градинка во Истибања е отворена Декември 2014 год. како дел од програмата на Владата на РМ за отварање на детски градинки во руралните средини.

Центарот за Ран Детски Развој во с. Лески е во склоп на подрачното училиште во селото.

ФБ страна на градинката

Фото водич низ Виница

Службен гласник на општината

Пиши му на Градоначалникот

Пристап до информации

За подобра општина

Мапа на Општина Виница

Времето во Виница

Виница
Partly Cloudy
06:4515:58 CET
Feels like: 1°C
Wind: 4km/h ESE
Humidity: 98%
Pressure: 1013.2mbar
UV index: 0
MonTueWed
min 2°C
11/3°C
7/1°C
Зголеми фонт
Позадина