Mоќното демагошко влијание на телевизијата врз младите луге, кои поминуваат низ мачни процеси на созревање во конзументското масмедиско општество е пораката која синоќа од театарската сцена во Виница ја упатија трите девојки од Лесковац, Ниш и Белград кои доаѓаат на кастинг за водители во реално Тв Шоу, како гости на Фестивалот Ин Виница Веритас со претставата “Половњаче“. Оваа приказна се однесува на младите луге кои денес во голем број и се претставуваат на јавноста преку медиумите, на начинот и средствата кои тие ги користат за да дојдат до она за кое мислат дека се нивните цели. “Преку оваа претстава ги детектираме социјално-класните разлики и феноменот “реалити шоу“, начинот на кој се деформира нашата младина, и како паѓа подсилно влијание на сите тие “реални шоу“. Ова е седма сезона како се емитува претставата која сеуште е актуелна и ќе биде уште актуелна, седум години ја изведуваме и секогаш е добро посетена.“, рече актерот Иван Јанковиќ, Маја Јанковиќ, актерката во улогата на Петра изјави…..“Многу млади луѓе вечерва се пронајдоа во оваа претстава, најмногу со Петриниот лик, првпат сме овде, публиката феномненално не прифати, и сме презадоволни“ После театрите од Врање и Лесковац, вечерва Фестивалот ќе го затвори Народниот театар од Битола со претставата “Кокошка“.
27 седница – дневен ред и Комисии
[jnews_element_header...