Туристичка понуда

Мобилност
Средби со граѓани
Улично осветлување

Читај online



19. Барање за утврдување на правен статус на бесправни објекти кои се линиски инфраструктурни објекти

Потребни документи:
- извод од Централен регистар на Република Македонија;
- доказ за завршени градежни работи или потврда од барателот или изјава заверена кај нотар дадена под кривична и матрејална одговорност од барателот со која истиот потврдува дека бесправниот објект е изграден пред 3ти март 2011 година;
- геодетски елаборат за утврдување на фактичката состојба на надземен бесправен линиски инфраструктурен објект со имотен лист на земјиштето на кое е изграден, доколку барањето се однесува за надземен инфраструктурен линиски објект односно геодетски елаборат за утврдување на фактичката состојба на подземен бесправен линиски инфраструктурен објект без имотен лист за земјиштето под кое е изграден објектот, доколку барањето се однесува за подземен линиски инфраструктурен објект;
- изјава заверена на нотар дадена под кривична и материјална одговорност со која барателот потврдува дека објектот е функционална целина и може да се употреби;
- договор за долготраен закуп на земјиштето склучен со сопственикот, односно сосопственикот на земјиштето или изјава заверена на нотар со која сопственикот, односно сосопственикот на земјиштето изјави дека е согласен да се утврди правен статус на бесправниот објект и истиот да се запише во јавна книга за запишување на правата на недвижност на име на барателот или потврда за решени имотноправни работи за земјиштето на кое е изграден бесправниот објект издаден од органот на државна управа надлежен за имотно - правни работи или
- уверение за движење на имотот на кои е изграден бесправниот објект и изјава заверена кај нотар, дадена под кривична и материјална одговорност од барателот, во која истиот потврдува која година е изграден бесправниот објект;

- Уплатница:
Цел на дознака: aдминистративна такса
Назив и седиште на примач: Трезорска сметка Народна банка на РМ
Трансакциска сметка: 100000000063095
Износ: 300,оо ден.
Уплатна сметка: 840 112 03182
Приходна шифра и програма: 722315

Општина Виница
ул. Бел Камен бр. 13
телефон: 033 361-945, mail: ovinica@t.mk