Open menu

Туристичка понуда

Мобилност
Средби со граѓани
Улично осветлување

Сите вести

21-ви март, Светски ден на поезијата

На 21-ви март се одбележува Светскиот ден на поезијата. Одлуката токму 21-ви март да се прославува како Светски ден на поезијата била усвоена во Париз во 1999 година. Оттогаш, овој ден се прославува со книжевни собири низ целиот свет од страна на поетите кои испраќаат пораки во чест на стиховното творештво.

По тој повод ЈОУ Библиотека Ванчо Прке – Виница, во просториите на читалната го одбележа денот со читање на поезија од ученици од СОУ „Ванчо Прке" под менторство на професорот Орце Павлов. Одбележувањето на овој ден има за цел да се промовира читањето, пишувањето, објавувањето и предавањето поезија низ целиот свет, односно како што е запишано во оригиналната декларација на УНЕСКО „да се даде свежо признание и поттик на националните, регионалните и меѓународните поетски движења”.

Општина Виница
ул. Бел Камен бр. 13
телефон: 033 361-945, mail: ovinica@t.mk