Сите вести
„Теракотните икони“ од Виничкото Кале – на изложба во Подгорица
- Hits: 112
Од 16.04.2024 година до 07.05.2024 година, црногорската публика ќе има можност да се запознае со едни од нарепрезентативните археолошки откритија од Македонија. Во Куслевова куќа- музеј Подгорица, Локалниот археолошки и историски музеј „Теракота“- Виница се претствува со 12 мотиви од иконите, како едни од најизложуваните археолошки предмети од Македонија. Истата ќе биде збогатена со 8 банери и проекција на документарен филм за нивното откривање во 1985 год. Виница е горда на своето минато, културно наследство и богатство, музеј „Теракота“ со задоволство го презентира истото во најреномираните музеи и галерии ширум светот. До сега „Теракотните икони“ од Виничкото Кале се презентирани на повеќе светски изложби, во Австралија, Германија, Португалија, Хрватска, Австрија, Русија, Франција, Велика Британија, Шпанија и сега во Црна Гора.