Open menu

Туристичка понуда

Мобилност
Средби со граѓани
Улично осветлување

Сите вести

„Како да разговараме со младите“ - работилница за родители

На иницијатива на Општински стручен тим за безбедност на учениците во училиштата, на 12.04.2024 год. во просториите на Црвен Крст - Општина Виница беше одржана работилница за родители на ученици од сите Основни училишта на територијата на Општина Виница, на тема „Како да разговарам со младите“.
Обучувачи беа м-р. Радмила Манчевска како член на Тимот, психолог во СОУ„Ванчо Прке“ – Виница и Гешталт психотерапевт со големо искуство во справување со предизвици од областа на темата и Убавка Петкова педагог во СОУ „Ванчо Прке“ – Виница.
Целта на работилницата беше да ја поттикне и подигне свеста на присутните за практикување на Позитивно родителство и позитивен начин на комуникација во рамките на семејната и училишната заедница со цел создавање на вештини за адекватно и навремено справување со предизвиците на современиот начин на живот, а со тоа обезбедување на безбедена и стимулативна средина за раст и развој на младите. Присутните имаа можност да се запознаат со најчестите грешки во секојдневната комуникација и воспитните стилови на родителство кои во голем степен влијаат врз градењето на компетентноста кај младата личност.
На работилницата учествуваа 27 учесници ( родители, членови во Совет на родители во училиштата и активни родители, стручни служби од училиштата и претставници од институции),кои со својот ангажман и залагање сакаат да придонесат за подигнување на безбедноста на учениците на едно повисоко ниво во рамките на семејната и училишна средина.
Општинскиот стручен тим за безбедност на учениците ќе продолжи со понатамошни активности во однос на безбедноста, справување со предизвици и иницијативност на учениците и младите кои ќе придонесат за позитивни промени во училиштата, средината и пошироко.

Општина Виница
ул. Бел Камен бр. 13
телефон: 033 361-945, mail: ovinica@t.mk