Open menu

Туристичка понуда

Мобилност
Средби со граѓани
Улично осветлување

Сите вести

Асфалтирање, реконструкција и рехабилитација на рекорден број на улици во градот и населените места

Во Општина Виница започна асфалтирање, реконструкција и рехабилитација на рекорден број на улици во градот и населените места. Во село Трсино веќе се започнати земјените работи и тампонирање, по што следи асфалтирање на три улици. Според договорот кој е склучен се предвидува во рок од 8 месеци да се изврши асфалтирање на улици во селата Црн Камен, Градец, Липец, Блатец, Пекљани, Трсино, Лески, реконструкција на улиците „Славчо Стојменски“, „Климент Охридски“„Стив Наумов“, „Раде Кончар“,„Даме Груев“, дел од улиците „4-та Македонска Бригада“ и „Јане Сандански“ во градот. Исто така со истиот договор е предвидено дополнително рехабилитација на други улици и темелно крпење на ударни дупки во вредност од 14 милиони денари.
Вкупната вредност на договорот е 45 милиони денари со вкучен ДДВ. Сите средства се обезбедени од Буџетот на Општина Виница.

Општина Виница
ул. Бел Камен бр. 13
телефон: 033 361-945, mail: ovinica@t.mk