Туристичка понуда

Мобилност
Средби со граѓани
Улично осветлување

Врз основа на член 61 став 5 и член 69 став 1 од Законот за животна средина („Службен весник на Република Македонија“ бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13) и член 4 од Уредбата за учество на јавноста во текот на изработката на прописи и други акти, како и планови и програми од областа на животната средина („Службен весник на Република Македонија“ бр. 147/08, 45/11), Општина Виница, го објавува следното...

Известување за изработка на Извештај за стратегиска оцена на влијание врз животната средина за– локална стратегија за климатски промени за Општина Виница, за периодот 2015 до 2025 година

Податоци и информации: 1. Назив на органот: Општина Виница
Адреса: Бел камен 13, Виница

2. Назив на планскиот документ: локална стратегија за климатски промени за Општина Виница, за периодот 2015 до 2025 година

3. Краток опис на документот: Од страна на Општина Виница е започната постапка за изработка и усвојување на плански документ - локална стратегија за климатски промени за Општина Виница. Планскиот документ како и Извештајот за стратегиска оцена е изработен во рамки на проектот за општински стратегии за климатски промени, финансиран од Американската агенција за меѓународен развој – УСАИД, а го спроведува Милиеуконтакт Македонија. Основната цел на проектот е насочена кон подготовката на општините за подобро справување со предизвиците предизвикани од климатските промени, а со посебен фокус на подобрувањето на локалните демократски процеси и зголемувањето на нивниот капацитет за прилагодување кон климатските промени.

Главна цел на локалната стратегија е зголемување на капацитетот на општина Виница за прилагодување кон климатските промени.

Споредни цели на локалната стратегија за климатски промени, општина Виница (2015 – 2025), се:
- Подобрување на локалната политика за животната средина во однос на климатските промени;
- Намалување на емисиите на стакленички гасови од страна на општините;
- Зголемена отпорност на општинските чинители кон климатските промени
- Зголемување на свеста на граѓаните за климатските промени.

4. Назив и број на Одлука: Решение за спроведување на стратегиска оцена со бр.15-5688/2 од 08.07.2015 година од Министерство за животна средина и прострно планирање.

5. Засегнати страни: Министерство за животна средина и просторно планирање, Општина Виница, сите јавни претпријатија, правни и физички лица, НВО, граѓани

6. Засегната јавност: жителите на Општина Виница

7. Начин на вклучување на засегнатата јавност: Сите информации во врска со Извештајот за стратегиска оцена на влијание врз животната средина за локалната стратегија за климатски промени за Општина Виница, за периодот 2015 до 2025 година, во периодот од 14.08.2015 до 14.09.2015 година, ќе бидат достапни:
- на веб страната на Општина Виница, www.opstinavinica.gov.mk од каде може да се превземе Извештајот
- во просториите на Општина Виница секој работен ден од 07:30 до 15:00 часот

8. Граѓаните на посебен формулар може да ги дадат своите забелешки во однос на извештајот, по електронски пат на e-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it. od opstinata или This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it., по пошта или преку архивата на Општина Виница.
ЈАВНАТА РАСПРАВА ќе се одржи на ден 19.08.2015 година со почеток во 10.00 часот во просториите на Домот на културата "Тошо Арсов" во општинската зграда во Виница.

9. Дополнителни информации поврзани со изработката на документот:
Жителите на Општина Виница во процесот на изготвување на локалната страгегија за климатски промени, креираа визија заедничка за сите засегнати страни и поставија минимални стандарди во однос на климатските промени коишто секогаш ќе треба да се почитуваат, а таа е Општина Виница до 2025 година да постане еколошка и енергетски ефикасна општина со рационално управување на водните и шумски ресурси, развиен бањски и спа туризам и производство на здрава храна – предуслов за квалитетен живот.

За постигнување на оваа визија секоја работна група, која се идентификува со по една локална вредност, дефинираше развојни цели, и тоа:

1. Главна развојна цел од работната група – ВОДА И ВОДНИ РЕСУРСИ е обезбедување на задоволителни количини на чиста, квалитетна и здрава вода за пиење, вода за наводнување, средени речни корита и текови без поплави и рационално искористување на геотермалните води за затоплување и бањски туризам.

Конкретни цели:
1.1. Обезбедување на дополнителни количини на чиста и здрава вода за пиење (бунари, нови бушотини, зафати);
1.2. Задоволување на потребите со вода за напојување на добитокот;
1.3. Обезбедување на дополнителни количини на техничка вода за наводнување (системи за наводнување и мини акумулации);
1.4. Уредување на речните корита за заштита на населението по течението на реките во општина Виница;
1.5. Искористување на геотермалните води во близина на село Истибања за бањски и спа туризам;

2. Главна развојна цел од работна група – ШУМИ И БИОДИВЕРЗИТЕТ е зачувување и пошумување на шумите, заштита на биодиверзитетот и развој на планинскиот туризам.

Конкретни цели:
2.1. Развој на планински туризам;
2.2. Оддржливо искористување на природните ресурси на планината Плачковица;
2.3. Пошумување на оголените предели заради апсорбција на СО2 од атмосферата и митигација на климатските промени и зачувување на микроклимата на планината Плачковица и општина Виница;

3. Главна развојна цел од работната група - ЗЕМЈОДЕЛИЕ И ХРАНА е одржливо и континуирано земјоделско производство на пченица, ориз, лозови и овошни насади.

Конкретни цели:
3.1. Одржливо производство на ориз како традиционална стратешка култура до 250 ха на годишно ниво;
3.2. Одржливо и континуирано производство на пченица како стратешка цел до 500 ха на годишно ниво; Извештај за стратегиска оцена на животната средина за локална стратегија за климатски промени, Општина Виница (2015 – 2025)
3.3. Одржливо и континуирано производство на лозови насади до 500 ха со препорачани соодветни сорти;
3.4. Одржливо и континуирано производство на овошни насади до 1000 ха со соодветни култури на одредени реони;

4. Главна развојна цел за МИТИГАЦИЈА на општина Виница е намалување на емисиите на штетни стакленички гасови во атмосферата преку примена на техники и мерки за енергетска ефикасност и замена на фосилните горива со обновливи извори на енергија
Конкретни цели:
4.1. Намалување на eмисијата на стакленички гасови CO2 од секторот земјоделие;
4.2. Намалување на емисијата на стакленички гасови CO2 од секторот транспорт;
4.3. Намалување на просечната потрошувачка на електрична енергија (kWh/m2 ) во однос на 2014 година;
4.4. Намалување на емисијата на стакленички гасови CO2 во однос на 2014 година;
4.5. До 2020 да се намали просечната потрошувачка на енергија и енергенси за 20% во однос на 2014 година;
4.6. Замена на фосилните горива со алтернативни-обновливи извори на енергија за 20% во однос на 2014 година;
4.7. Воведување на интегрално управување со цврстиот отпад на целата територија на општина Виница;

Имплементацијата на оваа стратегија треба да го подобри разбирањето на климатските промени и ефектите од овие промени, да ја подигне свеста и да го подигне нивото на доброто владеење и квалитетот на носењето на одлуки. Имплементацијата на овој документ треба да придонесе и да го олесни развојот и имплементацијата на одредени активности по однос на справувањето со климатските промени, пред се во делот за намалување на емисиите на стакленички гасови и подобрување на енергетска ефикасност на објектите во јавна сопственост.

Општина Виница
Градоначалник на Општина Виница
Г-дин Емил Дончев

Педлог известување (симни)
Педлог известување за јавен увид (симни)

Општина Виница
ул. Бел Камен бр. 13
телефон: 033 361-945, mail: ovinica@t.mk