Open menu

Туристичка понуда

Мобилност
Средби со граѓани
Улично осветлување

Општина Виница е партнер во реализацијата на проектот „Обезбедување на пристојни услови за домување за Ромите во општина Виница – СДХ“.
Во рамките на активностите на овој проект општината беше посетена од страна на претставници од Здружението за поддршка на маргинализирани заедници – Ромски Ресурсен Центар (РРЦ) која е невладина и непрофитна организација која работи на унапредување на квалитетот на животот и статусот на ромската заедница .

Себихан Демировски, Програмскиот директор на Ромскиот Ресурсен Центар,не информираше за главните активности во проектот, односно планирано е да се подготви урбанистичкиот план на општина Виница поврзан со областа блок 18 во износ од 25 хектари каде што живее ромската популација, да се изврши легализација на целата Ромска населба во областа блок 18 и целосно да се обезбеди регистрација на сопственоста на имотот во Катастар,како и да се подобрат лошите и нездравите услови за живот семејства во областа блок 18.Проектните активности треба да завршат најдоцна до 30.06.2022 година.
Општина Виница дава целосна поддршка за реализација на проектот, а воедно се разговараше за понатамошна соработка и вклучување во други програми кои ќе бидат од големо значење за подобрување на условите кај ромското население.
Општина Виница
ул. Бел Камен бр. 13
телефон: 033 361-945, mail: ovinica@t.mk