Open menu

Туристичка понуда

Мобилност
Средби со граѓани
Улично осветлување

Денес претставници на ЧЕЛИМ од Милано Италија на чело со господинот Давиде Рафа беа во посета на Ромско Маало да направат увид на лице место во имлементацијата на проектот "Обезбедување на пристојни услови за домување за Ромската заедница во општина Виница".

Со овој проект е опфатено реновирање на 22 куќи, бехатонирана е улица со осветлување во вкупна површина од 1000м2, во тек е изработка на канализациона мрежа во должина од 500м и во тек е изработка на ДУП за Ромско Маало.
Целиот проектот го имплементираат ЧЕЛИМ од Милано, Ромскиот Ресурсен Центар и општина Виница и истиот е финансиран од Европската Унија во соработка со Министерството за труд и социјална политика на Македонија.
Општина Виница
ул. Бел Камен бр. 13
телефон: 033 361-945, mail: ovinica@t.mk