Open menu

Туристичка понуда

Мобилност
Средби со граѓани
Улично осветлување

Реконструкција на локален пат Блатец - Детлово

Реконструкцијата на локалниот пат Блатец - Детлово е во завршна фаза. Моментално истиот е во тек на асфалтирање, ќе се асфалтира 3028м патна должина. Се очекува во најкраток период да се заврши со асфалтирањето и да се постават банкини и сообраќајна сигнализација на претходно определените места.

Од страна на Општина Виница веќе е изработена техничката документација според која ќе се продолжи со реконструкција и асфалтирање на уште 2500м патна површина. Градежните работи за овој проект ги изведува фирмата Блек Си Груп - ОСД - Градба Промет. Проектот „Реконструкција на локален пат Блатец - Детлово“ е поддржан од Министерството за транспорт и врски, со цел подобрување на патната инфраструктура и е со финансиска поддршка од Светска банка.

Општина Виница
ул. Бел Камен бр. 13
телефон: 033 361-945, mail: ovinica@t.mk