Туристичка понуда

Мобилност
Средби со граѓани
Улично осветлување

Затворање на нестабилните и диви депонии во Источниот регион – Лот1

Општина Виница беше домаќин на одржување на месечниоит состанок во врска со Проектот „Затворање на нестабилните и диви депонии во Источниот регион – Лот1“. Состанокот го водеше Теофанис Лолос- Team Leader, претставник на изведувачот. На состанокот присуствуваа претставници од Министерството за животна средина и просторно планирање, помошник раководител од Секторот за централно финансирањеи и склучување на договори (CFCD), координатор од Центарот за развој на Источен плански регион, претставници од јавните комунални претпријатија и од општините Кочани, Берово, Делчево, Македонска Каменица и Пехчево. На состанокот се разгледуваа следниве точки:
- Презентација на напредокот на работата,
- Дизајн на депонии, ажурирање на статусот,
- Урбанистички статус,
- План за H&S и План за EMP,
- План за одобрување на материјали (геосинтетички материјали),
- Резултати од тестот (глина, почва),
- Планирања за следниот месец.

 
Општина Виница
ул. Бел Камен бр. 13
телефон: 033 361-945, mail: ovinica@t.mk