Туристичка понуда

Мобилност
Средби со граѓани
Улично осветлување

38 миот Меѓународен фолклорен фестивал „Истибањско здравоживо“

Вчера заврши уште еден успешно организиран настан под покровителство на Општина Виница и во организација на Ф.А. „КИТКА“ од Истибања, 38 миот Меѓународен фолклорен фестивал „Истибањско здравоживо“. Општина Виница со задоволство е дел од овој фестивал бидејќи го препознава значењето на негувањето на културната традиција на еден народ, го цени промовирањето на македонскиот фолклор кое токму членовите на Фолклорниот ансамбал „Китка“ во изминативе 38 години го прават низ многубројните настапи во државите ширум светот. Благодарение на ваквите настани се потсетуваме на убавината на изворните македонски песни и ора, на нашата традиција на корените, но посебно сме задоволни што претставниците од различни држави од Европа имаа можност да го запознаат нашиот менталитет и со нивното присуство во нашата општина овие неколку денови допринесоа кон заживување на целиот регион.

 
Општина Виница
ул. Бел Камен бр. 13
телефон: 033 361-945, mail: ovinica@t.mk