Туристичка понуда

Мобилност
Средби со граѓани
Улично осветлување

Јавна презентација за изработка на ДУП Блок 3, КО Виница

Вчера, 02.10.2023 година (понеделник) во 12:30 часот, на покана на градоначалникот на Општина Виница Миле Петков, во зградата на Општина Виница (сала за совет) се одржа јавна презентација за изработка на Детален урбанистички план за Блок 3, КО Виница. Субјектите беа известени за одржувањето на јавната анкета и јавна презентација преку информацискиот систем е- урбанизам, web-страната на општината и печатени плакати во и околу опфатот за кое е приложено доказ. Јавната презентација ја отвори Киро Довичински – Раководител на Секторот за урбанизам при Општина Виница, кој го образложи текот на постапката за изработка на планот и потоа даде збор на Јована Јанева од одделението за урбанизам да го дообјасни планот на присутните, и да продолжат со објаснување планерите. Од присутните немаше некои забелешки што ќе бидат разгледани со надлежните, остануваат забелешките кои се поднесени преку анкетни листови и кои можат да се поднесат до 19.10.2023 година.

Општина Виница
ул. Бел Камен бр. 13
телефон: 033 361-945, mail: ovinica@t.mk