121 година од смртта на виничкиот револуционер Ангел Бабабожанин Винички

Во организација на Сојузот на борци од Виница и Општина Виница, во с.Драгобраште, денес се одбележа 121 година од смртта на револуционерот Ангел Винички. Со едноминутно молчење, положување на свежо цвеќе и почесен говор на нашиот сограѓанин и секретар на Сојузот на борци од Виница, г-дин Тодор Димитров, за делата на Ангел Винички, беше оддадена почит на виничкиот револуционер Ангел Бабабожанин Винички. Ангел Винички заедо со Спиро Ампов и Ѓорѓи Јованчев го формирале Тајниот револуционерен комитет во Виница, кој бил меѓу првите комитети во Македонија. Идеологијата за ослободувањето на Македонија, Ангел ја прифатил и тајно ја ширел меѓу своите сограѓани и граѓаните од околните населени места со што се здобил со голема почит, доверба и симпатија. Ангел Винички е организтор на тајниот пат од Виница за Ќустендил, верен курир на Гоце Делчев, ја обезбедувал работилницата за изработка на бомби, која се наоѓала во село Саблер, успешен организатор и пренесувач на оружје, писма ,телеграми и други материјали преку границите. Вечна му слава