Општина Виница и РОМАЛИТИКО денес потпишаа договор

Градоначалникот на Општина Виница Миле Петков и Суад Скендери, Проектен директор во Институтот за истражување и развој на политики- РОМАЛИТИКО, денес потпишаа договор за реализација на локалната акција „Реконструирање на дел од водоводната мрежа на ул. Иво Лола Рибар“ –Ромско маало, Виница. Општина Виница има обезбедено дел од овие средства. Ромалитико, преку проектот „Заедно до просперитетна заедница“, поддржан од Агенција за меѓународен развој (УСАИД) има обезбедено средства наменети за иницијатаиви за решавање на проблеми со цел за подобрување на животот на припадниците на ромската заедница. Со овој договор договорните страни се согласни да се направи здружување на средствата за реализација на акцијата – РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА ВОДОВОДНАТА МРЕЖА НА ДЕЛ ОД УЛИЦА ИВО ЛОЛА РИБАР –РОМСКО МААЛО – ВИНИЦА.