Open menu

Туристичка понуда

Мобилност
Средби со граѓани
Улично осветлување

Расчистување на речното корито на река Осојница

Во тек е интезивно расчистување на речното корито на река Осојница кај мостот во с.Јакимово. Оваа активност е со доброволна соработка меѓу Општина Виница и општествено одговорната компанија Јованов Транс ДООЕЛ Јакимово. Во краток период се очекува да се започне со расчистување на речното корито на истата река кај мостот во с.Виничка Кршла, исто така со доброволна соработка со општествено одговорната компанија Гран Уни Инвест ДООЕЛ Виница. Овие активности прозлегоа како насоки од последниот работен состанок на Подрачното одделение за заштита и спасување, со цел превенирање во случај на евентуални поплави.

Општина Виница
ул. Бел Камен бр. 13
телефон: 033 361-945, mail: ovinica@t.mk