Open menu

Туристичка понуда

Мобилност
Средби со граѓани
Улично осветлување

Граѓаните избраа „Набавка на комунално возило за собирање на отпад“

Граѓаните избраа „Набавка на комунално возило за собирање на отпад“ - проект кој ќе биде реализиран со финансиска поддршка обезбедена преку програмата „Зајакнување на општинските совети“, а ќе го ко-финансира Општина Виница.
Програмата „Зајакнување на општинските совети“ ја финансираат Швајцарската влада и Министерството за локална самоуправа, а ја ко-финансира и спроведува Програмата за развој на Обединетите нации – УНДП.
На денешната форумска сесија граѓаните на Општина Виница имаа можност да гласаат за еден од предлог проектите кои беа презентирани на претходните форумски сесии. Како најрелевантен и со најмногу број на гласови излезе проектот „Набавка на комунално возило“.
Како едно од многу битни работи е тоа што од форумските сесии произлегоа и неколку препораки од граѓаните кои Општина Виница ќе треба да ги реализира во следниов периода, како што се :
-Изградба на пешачка патека до м.в.Чупино,
-Чистење на дивите депонии,
-Набавка на комунална опрема – садови за селекција на отпад,
-Изградба на стационарт за улични кучиња,
-Промена на кровна конструкција, со енергетси ефикасна фасада на спортската сала на СОУ„Ванчо Прке“ Виница,
-Енергетски ефикасни фасади на сите јавни објекти во општината,
-Енергетски ефикасна кровна конструкција на сите јавни објекти во општината,
-Фотоволтаични панели на сите јавни институции,
-Приклучок на канализационен систем Виница на ПСОВ Мојанци и
-Осветлување на спортските игралишта.

Општина Виница
ул. Бел Камен бр. 13
телефон: 033 361-945, mail: ovinica@t.mk