Сите соопштенија
Соопштение за дезинсекција
- Hits: 40

Почитувани,
согласно Програмата за јавно здравје на населението во Општина Виница, на 10.06.2022 година (петок), во раните утрински часови, на територијата на општина Виница ќе се изврши терестичко третирање за заштита од комарци.
Во првата фаза со дезинсекција ќе биде опфатена површина во градот Виница и населените места во општина Виница. Третирањето ќе се изврши од земја со препарат одобрен од Бирото за лекови на РСМ.
За таа цел, се апелира до пчеларите во општина Виница, да се преземат соодветни мерки за заштита на своите пчелни семејства.
Доколку временските услови не дозволат третирање на наведената дата, истото ќе се спроведе наредниот ден (во зависност од временските услови).
Соопштение
- Hits: 529

На ден 19.12.2019 година (четврток), со почеток во 12 часот во салата за состаноци на четврти кат во општинската здграда, ќе се одржи расправа по повод оформување на буџетот на Општина Виница за 2020 година, како и предлог програмата за уредување на градежно земјиште во Општина Виница.
По тој повод ги покануваме претставниците на месните заедници, невладините организации како и сите заинтересирани да присуствуваат и земат активно учество во расправата. Преземи соопштение.
Соопштетние од Министерството за внатрешни работи
- Hits: 1618

Полициската станица Виница по повод предстојните Првомајски празници, апелира до учесниците во сообраќајот за совесно и одговорно однесување.
Ги потсетуваме возачите, задолжително пред тргнување на пат да ја проверат техничката исправност на возилата. Козумирањето на алкохолот а потоа управување возило е неразумна постапка и во најмала рака ќе Ве чини парична казна и времено одземање на возачката дозвола од страна на сообраќајната полиција, а во најлоша варијанта може да Ве чини и живот.
Соопштение
- Hits: 1888

Општина Виница на ден 20.09.2013 година ( петок ) со почеток во 11.00 часот, за првпат организира ФОРУМ ЗА ВОДИ на кој граѓаните ќе можат директно да се вклучат во давањето на идеи и препораки за решавање на приоритетен проблем кој се однесува на водите во општината. Форумот ќе се оддржи во просториите на Домот на културата “Тошо Арсов“ – Виница.
Соопштение
- Hits: 2820

Се известуваат сите правни и физички лица дека Општина Виница организира јавна расправа со цел запознавање на граѓаните со намерата на општината да аплицира за заем од Светска Банка за реализација на три проекти во општината: