Сите вести
Дводневна посета од Банско - Бугарија
- Hits: 132

Во дводневна посета на Општина Виница беше Градоначалникот на збратимената општина Банско од Република Бугарија, Иван Кадев. Тој беше придружуван од заменик градоначалникот Сашка Вчкова, претседателот на општинскиот совет Костадин Загорчин и началничката на одделението за јавни набавки и проекти Цветанка Обецанова.
ПОТСЕТУВАЊЕ И ПОВИК ДО ГРАЃАНИТЕ И ПРАВНИТЕ ЛИЦА ЗА ПОДМИРУВАЊЕ НА ДАНОКОТ НА ИМОТ И КОМУНАЛНИТЕ ТАКСИ
- Hits: 278

Општина Виница ги потсетува своите даночни обврзници на данокот на имот и комуналната такса дека тече рокот за плаќање на Данокот на имот и комуналната такса.
Општината апелира до даночните обврзници, совесно и одговорно да се однесуваат кон законската обврска за плаќање на Данокот на имот и комуналната такса, бидејќи тие средства се користат исклучиво за подобрување на условите за живот, преку обезбедување на подобри јавни услуги во нашата општина.
Тоа се „НАШИ ПАРИ ЗА НАШАТА ОПШТИНА“.
Соработка на Општина Виница со Народна Република Кина
- Hits: 203

Почитувани граѓани на Општина Виница,
Општина Виница по официјалната посета на Амбасадорот на Народна Република Кина, Н.Е ZHANG ZUO со неговите соработници од амбасадата Echo Zhao (оддел за политика) и Huang Jinlei (аташе) во придружба со комерицијалниот директор Chen Chen на кинеската компанија Power China ја продлабочува соработката и во областа на образованието со цел аплицирање и запишување на лица на студентски програми на мастер студии од 1 или 2 години на универзитетите во НР Кина.
За чиста Општина Виница
- Hits: 243

Од с. Истибања денес започнува пролетната акција „ За чиста Општина Виница“, а во наредниот период ќе продолжи и во другите населени места и делови од градот. Акцијата ќе се спроведува во координација на Општина Виница, ЈП Солидарност - Виница и месните заедници поради покажан интерес за вклучување во истата и на месното население.
Посета на кинескиот амбасадор на Виница
- Hits: 434

Огромна чест и задоволство на граѓаните на општина Виница им приреди Амбасадарот на Народна Република Кина во Македонија, Џанг Ѕуо со неговата посета на градот. Кина е пријателска земја и општина Виница е првата општина од Македонија која стана членка во Урбаната Алијанса „Патот на Свилата“ со цел промоција на економската и трговската соработка, како и образовната и културната размена со Народна Република Кина.