Сите вести
Санирање на ударни дупки
- Hits: 188

Продолжуваме со инвестиции во подобрување на патната инфраструктура во Општина Виница. Деновиве започнавме со рехабилитација на делови од улиците и санација на ударните дупки на повеќе локации, со цел да обезбедиме побезбедни и поквалитетни услови за движење на сите учесници во сообраќајот. За реализација на овие градежни активности обезбедивме 1,5 милиони денари од буџетот на Општина Виница. Станува збор за инвестиција која директно придонесува за подобрување на секојдневниот живот на нашите сограѓани и за поголема безбедност на локалните сообраќајници.