Сите вести
„Парк за сите“, оживува
- Hits: 95

„Парк за сите“ во Виница веќе оживува! Во рамките на програмата URBACT Pioneers Accelerator, проектот „Парк за сите“ во Виница влегува во својата завршна фаза! Најголемата радост е што просторот веќе почна да ја исполнува својата намена. Денес, ученици од ОУ Гоце Делчев, учествуваа во првиот час на отворено, користејќи ги новопоставените реквизити и уживајќи во учењето и дружењето во природа. Додека се довршуваат последните елементи од уредувањето, паркот веќе станува место за учење, игра, дружење и нови искуства. „Парк за сите“ – простор што го создаваме за заедницата, а кој веќе почнува да живее со неа!