Сите вести
Детскиот Поетски Фестивал "Мајски Цвет" 2023
- Hits: 450

ЈОУ Библиотека „Ванчо Прке" Виница, учествуваше на Детскиот Поетски Фестивал „Мајски Цвет" 2023година во организација на ЈОУ Библиотека „Искра" - Кочани. Претставници на Библиотеката беа: ученичката Теона Цонева - IX одд, ООУ „Славчо Стојменски", ментор Миланка Стојанова и Лаура Николовска - VI одд., ООУ „Славчо Стојменски", ментор Сања Смиланска. Оваа година ученичката Теона Цонева освои две награди: ПРВА награда за најдобра интерпретација на сопствена творба и ТРЕТА награда за напишаната творба. Честитки до ученичките, нивните ментори и ЈОУ Библиотека „Ванчо Прке" Виница.