Сите вести
Збогум градинке
- Hits: 478

Прекрасен крај за уште поубав почеток!
Детската градинка „Гоце Делчев“ Виница успешно испрати уште една генерација другарчиња во училиште! Со прекрасна завршна приредба „Збогум градинке“, дечињата од предучилишната група симболично ги крунисаа годините поминати во градинката. Приредба која беше подготвена од тимот на воспитувачи, негователи како и музичкиот педагог, тим кој овие години ги водеше дечињата во правилната насока на животот подучувајки ги за здравите животни навики, правилна исхрана, БОН ТОН , љубов спрема татковината, хуманоста како вредност... Како што спомена и во емотивниот говор директорката Милче Стаменкова со најдобри желби за среќно детство и големи успеси ги испраќаме нашите другарчиња – Идни ПРВАЧИЊА!
Многу емоции, безброј насмевки, радост и гордост кај многубројната публика предизвикаа музичките интерпретации на дечињата.
Интерпретации кои ја нишаа публиката низ многуте жанрови, од прекрасен валцер, преку латино музика па се до детските песнички и македонски забавни хитови како и нашата убава македонска песна, СРЕЌНО, СРЕЌНО, СРЕЌНО!