Туристичка понуда

Мобилност
Средби со граѓани
Улично осветлување

Сите вести

Патронен празник на ОУ „Никола Парапунов“

Основното општинско училиште „Никола Парапунов“ с.Драгобраште - Виница, денес го прослави патрониот празник.
Свеченото одбележување на патрониот празник започна со положување цвеќе пред спомен бистата на патронот, од страна на училишна делегација, делегација од Локалната самоуправа предводена од градоначалникот на Општина Виница Миле Петков, пратеничката Даниела Христова и ученици од училиштето.
На свечената академија, која се одржа во холот на училиштето, учествуваа повеќе ученици и на прекрасен начин се претставија себе и училиштето, низ стихови,сценографија и песни. Директорот на училиштето Димитар Спасов во своето поздравно обраќање упати голема благодарност до наставниот кадар, техничкиот персонали и учениците, за вложениот труд и постигнатите резултати во оваа учебна година.
Честувањето заврши со спортски натпревари на кои учествуваа ученици од сите основни училишта во Општина Виница.

Општина Виница
ул. Бел Камен бр. 13
телефон: 033 361-945, mail: ovinica@t.mk