Сите вести
Терестичко третирање за заштита од комарци
- Hits: 381

Согласно Програмата за јавно здравје на населението во Општина Виница за тековната 2024 година, на 18.06.2024 година (вторник) во раните утрински часови, на територијата на Општина Виница ќе се изврши терестичко третирање за заштита од комарци.
Во првата фаза со дезинсекција ќе биде опфатена површина во Градот Виница и населените места во Општина Виница. Третирањето ќе се изврши од земја со специјално возило и со соодветен препарат одобрен од Агенцијата за лекови (МАЛМЕД) : Aqua-K-Othrine R Insecticide Space-Spray Concentrate.
За таа цел, СЕ ИЗВЕСТУВААТ пчеларите во Општина Виница да преземат соодветни мерки за заштита на своите пчелни семејства.
Доколку временските услови не дозволат третирање на нaведената дата, истото ќе се спроведе наредниот ден (во зависност од временските услови).
Во првата половина на Јули ќе се изврши и авионско и уште едно терестичко третирање за заштита од комарци.