Сите вести
Честит и вековит празникот Павловден
- Hits: 267

По повод големиот христијански празник Собор на 12 Апостоли-Павловден, кој што е празник и закрилник на град Виница, денес традиционално се одржа света Архиерејска богослужба во храмот „Св. Архангел Михаил“ – Виница на која чиночалствуваше неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион заедно со Викарен епископ на Скопската епархија со титула Дремвитски Давид и европскиот митрополит Пимен,се изврши свечена литија со иконата на Светиот апостол Павле до параклисот на Градскиот плоштад каде се освети и благослови празничниот леб.