Туристичка понуда

Мобилност
Средби со граѓани
Улично осветлување

Сите вести

Свечена седница на Советот по повод Павловден

Во рамки на одбележување на Павловден - празникот на градот, денес беше одржана свечена седница на Советот на Општина Виница, притоа беа доделени признанија на најдобрите ученици односно првенците на генерација од сите општински училишта и на граѓани од институциите и невладини организации.

- На првенците на генерација им се доделени признание и ваучери од 6000 денари, а тоа се:
1. Лука Гошев од ООУ „Гоце Делчев“ Виница,
2. Давид Спасов од ООУ „Славчо Стојменски“ Виница,
3. Андреј Ристевски од ООУ „Никола Парапунов“ с.Драгобраште,
5. Лука Дичов од ООУ „Кочо Рацин“ с.Блатец,
6. Андреј Даневски од СОУ „Ванчо Прке“ Виница.

Поклони и признанија се доделени на :
1. Благој Митевски - најдобар пожарникар за 2023/2024 година,
2. Марија Миланова - најдобро медицинско лице за 2023/2024 година,
3. Марјанчо Стоименов - најдобар полициски службеник за 2023/2024 година.
4. Лука Змејковски - признание за високи достигнувања и афирмирање на општината во областа на спортот.
1. Плакета за посебен придонес во унапредувањето на доброто владеење на Општина Виница е доделена на Здружение на граѓани „ИНИ“ - претседател Тодор Цонев, 2. Плакета за посебен придонес и афирмирање на Општина Виница во областа на културата е доделена на продуцентска куќа и агенција за менаџирање на артисти„ Cafe De Anatolija“ од с.Истибања.

Општина Виница
ул. Бел Камен бр. 13
телефон: 033 361-945, mail: ovinica@t.mk