Сите вести
Теракотни икони од Виничко кале во Будва
- Hits: 327

Во рамки на програмата за одбележување на 22 ноември – ден на општина Будва во организација на ЈУ Музеи и галерии Будва, во Археолошкиот музеј на локација Стар град Будва на ден 24 ноември со почеток во 19 часот беше отворена изложбата „Теракотните икони од Виничко Кале“. Изложбата е реализана во соработка со Локалниот археолошки и историски музеј „Теракота“ од Виница. На отворањето на изложбата говореа директорката на Ју Музеи и галерии Будва, м-р Луција Ѓурашковиќ и реализаторот на изложбата кустос археолог Милица Радовиќ како и директорката Сара Даневска и кустос советник Јулијана Иванова од музеј „Теракота“ Виница. Автори на изложбата се кустос советник Јулијана Иванова, кустос советник Благица Стојанова и м-р Магдалена Манаскова. По успешната презентација на изложбата во главниот град Подгорица како и поради големата заинтересираност, оваа година музејот „Теракота“ од Виница повторно се претставува пред црногорската публика во Будва еден од најголемите туристички центри на Јадранот. Отворањето на изложбата беше проследено со колеги археолози од Црна Гора, посетители од градот и разни земји во светот. Се надеваме дека посетеноста на изложбата (која ќе трае до 15 јануари 2025 год.) ќе биде уште поголема во текот на претстојните новогодишни и божиќни празници, кога фреквенцијата на туристи и посетители на музејот е во најголем број. Голема благодарност на ЈУ Музеи и галерии Будва за одличната организација и медиумска промоција на изложбата.