Сите вести
Ученици од ООУ „Кочо Рацин“ с.Блатец, ученици од ПОУ „Славчо Стојменск“ с.Градец и ученици од ПОУ „Славчо Стојменски“ с.Лескиво во посета на Општина Виница
- Hits: 366

По повод дополнување на наставниот материјал по предметот историја и општество за надлежности на локалната самоуправа, Градоначалник и Совет на општина, учениците од четврто одделение при ООУ „Кочо Рацин“ село Блатец, ученици од ПОУ „Славчо Стојменск“ село Градец и ученици од ПОУ „Славчо Стојменски“ село Лески, беа во посета на Општина Виница и кабинетот на градоначалникот Миле Петков.
Учениците беа примени од страна на градоначалникот Миле Петков, по што беа запознати со надлежностите на локалната самоуправа и им беше одговорено на поставените прашања како дополнување на знаењата кои ги поседуваат.