Сите вести
Есенски фестивал 2024
- Hits: 301

Во училишниот двор на ООУ„Славчо Стојменски“ Виница, денес се одржа уште едно издание на Есенскиот фестивал. Оваа активност успешно се реализира веќе неколку години, така што полека прераснува во традиција. Многу игри за децата, домашно подготвена храна и пијалоци, карактеристични за овој период од годината но и декорирани со есенски мотиви, се најдоа на репертоарот на денешнава активност.