Сите вести
Допирот на огнот
- Hits: 313

Во организација на Музеј „Теракота“ Виница, вчера беше отворена изложба на фотографии насловена „Допирот на огнот“, чиј автор е советник кустос археолог Драган Радовиќ од Подгорица.
На фотографиите е прикажано стаклото и стаклените производи од стариот, средниот и новиот век а се дел од музејската збирка на Црна Гора.
Создавањето стаклени производи е создавање на уметнички дела. Нивните творци – стаклари, секогаш биле на границата на занаетчиството и уметноста, така што на нивниот животен пат тие оживотвориле некои непроценливи дела со извонредна изработка и посебна убавина.
Плодната соработката на Музеј „Теракота“ со ЈУ Музеи и галерии од Подгорица трае подолг период такашто секогаш се заокружува со прекрасни изложби.
Отворањето на изложбата беше збогатена со прeкрасни изведби на ученици од школата за клавир MOZZARTINO.