Сите вести
Големи признанија за Музеј Теракота – Виница
- Hits: 419

На свечената церемонија на ИКОМ Македонија, одржана на 22 мај 2025 година во просториите на Националната галерија – Чифте амам, Скопје, Музеј Теракота – Виница беше добитник на три високи пофалници:
Музеј на годината 2024 во категорија - Меѓународен проект за изложбите „Теракотните икони од Виничко Кале“ во Подгорица и Будва во Црна Гора 2024 год.
Проект на годината „Едукативна ликовна колонија со лицата со посебни потреби од Виница“, автор Благица Стојанова - советник кустос археолог и
Музејски работник на годината на Јулијана Иванова - советник кустос археолог.
Овие признанија претставуваат голема чест и поттик за понатамошна работа. Тие се резултат на нашата посветеност, професионализам и тимска енергија насочена кон негување и промоција на културното наследство.
Горди сме што нашиот музеј е препознаен како пример за успешно дејствување во музејската област, а уште погорди што зад секое признание стојат луѓе кои несебично вложуваат во иднината на нашата култура.
Искрена благодарност до ИКОМ Македонија за признанието, како и до сите соработници, пријатели и посетители – оваа чест ја споделуваме со вас!