Сите вести
Работилница на ИНИ - Виница
- Hits: 444

Во организација на Здружението Иницијатива на невработени интелектуалци ИНИ Виница, вчера се одржа работилница на тема: „Можности за учество на жените во креирање и спроведување на локалните политики и буџетот на општината“, во мултикуктурниот центар „Турски бањи“.
Работилницата е дел од проектот „Преку женски активизам и иницијативи до родово-инклузивни и одговорни општини“, кој што го спроведува Здружение за заштита на работничките права Гласен Текстилец од Штип во партнерство со ЕХО Едукативно-хуманитарна организација и Здружението Иницијатива на невработени интелектуалци од Виница.
На настанот учествуваа жени од различни профили, како и претставнички на ЕЛС Виница.
Во текот на работилницата присутните имаа можност да се запознаат и да дискутираат за:
✔️Улогата на жените во граѓанскиот активизам;
✔️Формалните и неформални начини на учество во креирање локални политики;
✔️ Вклученоста во процесите на одлучување и буџетирање;
✔️ Карактеристиките на локалната заедница и проценка на локалните потреби и приоритети на жените;
✔️ Планирање и следни чекори за унапредување на женското учество.
Оваа работилница е прва од серијата на едукативни и мотивирачки средби, чија цел е да ги охрабри жените активно да се вклучат во иницирање и решавање на важни прашања во локалните заедници.
Проектот „Преку женски активизам и иницијативи до родово-инклузивни и одговорни општини“ е финансиски поддржан од Владата на Швајцарија (Embassy of Switzerland in North Macedonia) преку Civica Mobilitas.