Сите вести
Регулација на Виничка река
- Hits: 328

Денес започнавме и со реализација на проектот Регулација на дел од речното корито на Виничка река.
Со проектот е опфатено регулација на речното корито во должина од 500 метри со изградба на кејски ѕид од ѕидан камен, како и партерно уредување од двете страни на Виничка река, односно поплочување на тротоарите и поставување на урбана опрема, клупи и канти за отпадоци.
И овој проект го аплициравме на Јавниот повик за изразување на интерес од страна на општините за финансирање на инфраструктурни проекти на Министерството за локална самоуправа врз основа на Програмата за користење на капиталните дотации за финансирање на инвестициони проекти на општините донесена од Владата на Република Македонија.
Градоначалник Миле Петков