Туристичка понуда

Мобилност
Средби со граѓани
Улично осветлување

Сите вести

Плакетата на храброста за Јован Костадинов

На наше големо задоволство, денес се сретнав со Јован Костадинов, кој е симбол на една генерација која знае што значи достоинство и како се однесува човек во вистинска смисла на зборот.
Целта на нашата средба беше лично да му изразиме благодарност за покажаната храброст и хуманост за време на трагичниот настан во Кочани, кога херојски спаси повеќе од 20 млади животи, воедно и да му ја врачиме Плакетата на храброста како и одлуката со која се обезбедува стипендија во вредност од 6000 денари за 4 години студирање.
Неговиот потег и неговата храброст никогаш нема да бидат заборавени, неговиот пример секогаш ќе не инспирира за да бидеме подобри, посилни и похрабри.

Градоначалник Миле Петков

Општина Виница
ул. Бел Камен бр. 13
телефон: 033 361-945, mail: ovinica@t.mk