Туристичка понуда

Мобилност
Средби со граѓани
Улично осветлување

Сите вести

Меѓународниот ден на Ромите

Денеска се одбележува Меѓународниот ден на Ромите. На сите припадници на ромскате етничка зааедница Им го честитаме 8-ми април- Меѓународниот ден на Ромите.
По повод одбележување на Меѓународниот ден на Ромите, градоначалникот на Општина Виница Миле Петков, одржа состанок со дел од претставници на ромската етничка заедница од нашата оптшина, меѓу кои и ученици во ООУ„Гоце Делчев“, ООУ„Славчо Стојменски“ и СОУ„Ванчо Прке“ Виница, кои во изминатиот период покажале добри резултати во текот на образованието. За постигнатите добри резултати, најдобрите ученици од ромската заедница беа наградени од градоначалникот со пригодни подароци и пофалници.
Во Општина Виница, во изминатиов период се реализирани неколку проекти и активности со цел подобрување и унапредување на животот на граѓаните од Ромскате етничка заедница, а моментално се реконструираат две улици во ромското маало.
Реализирајќи ги проектите од комунална инфраструктура, легализација,олеснување на образовен процес,водовод и канализација и подобрување на социо економската положба, овозможуваме континуирано подобрување на животот на Ромите во Општина Виница.

Општина Виница
ул. Бел Камен бр. 13
телефон: 033 361-945, mail: ovinica@t.mk