Сите вести
Хуманитарен пријателски натпењвар
- Hits: 277

Денес на градскиот стадион во Виница се одигра хуманитарен пријателски натпењвар помеѓу ФК СЛОГА 1934 Виница И ФК ГОСТИВАР од Гостивар.
Хуманоста и солидарноста денес беше рефлектирана токму преку овој натпревар, кој започна со едноминутно молчење во чест на трагично загинатите и згаснати млади животи во Кочани.
Средствата од овој хуманитарен пријателски натпењвар 34,110 денари се наменети за семејствата на загинатите девојчиња од Виница во оваа трагедија. Својата хуманост ја покажа и сопственикот на KF Gostivari кој на сметката за донации на Црвен Крст уплати 1.000.000 (еден милион денари).
Слава им на сите загинати!
Нека почиваат во мир!
Никогаш Заборавени 16.03.2025 година Кочани