Сите вести
Подршка на општините
- Hits: 420

Почитувани сограѓани на мое огромно задоволство сакам да Ве информирам дека сите 16 проекти за кои аплициравме на вториот владин повик за поддршка на општините се одобрени од Владата на Република Македонија!
Очекувам наскоро да ги потпишаме договорите со ресорните министерства кои ќе бидат надлежни за следење на капиталните дотации од страна на Буџетот на РМ, по што веднаш ќе започнеме со тендерската постапка за сите проекти. Општина Виница наскоро добива:
✅ Ново, модерно и сензорно осветлување на просторот во градскиот парк и пред градскиот стадион
✅ Реконструкција на кровот на административната зграда на Општина Виница и поставување систем за ладење и греење во „Сината Сала“
✅ ️Целосна реконструкција на сите детски игралишта во Виница
✅️ Партерно и хортикултурно уредување на просторот околу новиот градски пазар
✅ ️Реконструкција на улица „Пролетерска“ во Виница
✅ ️Реконструкција на улица „Раде Кратовче“ во Виница
✅ ️Реконструкција на улица „Кочо Рацин“ во Виница
✅ ️Реконструкција на улица „Ѓорче Петров“ во Виница
✅ Реконструкција на водоводната и канализационата мрежа на ул. „Ванчо Прке“ во Виница
✅ Реконструкција на улица „Ванчо Прке“ во Виница
✅ ️Изградба на "Улица 4" во с.Јакимово
✅️ Реконструкција на главната улица во с.Градец
✅️ Изградба на улица во с.Блатец
✅️ Реконструкција на кровот на основното училиштето „Никола Парапунов“ во с.Драгобраште
✅ Довршување на локалниот општински пат Блатец-Детлово во должина од 2,5 километри
✅ Регулација на Кајанечки дол во с.Истибања
Во Општина Виница наскоро започнува градежна офанзива како никогаш досега, ова се проекти во вредност од над 2 милиони евра, проекти кои ќе бидат од огромно значење за сите граѓани.
Градоначалник, Миле Петков