Сите вести
Свечена седница на Советот на Општина Виница
- Hits: 406

Во рамки на одбележување на патронот на градот се одржа свечена седница на Советот на општина Виница на која на мое големо задоволство како градоначалник имав чест да доделам награди и признанија на ученици на генерации, најдобар полициски службеник, пожарникар и медицинско лице, како и плакети на заслужни граѓани и општествено одговорни компании.
Вредносни ваучери од 6000 денари и благодарници од Општина Виница се доделени на следниве ученици:
1. За првенец на генерација 2021/2025 во СОУ „Ванчо Прке“ Виница на Надица Јорданова
2. За првенец на генерација 2021/2025 во ООУ„Гоце Делчев“ Виница на Викторија Стоименова
3. За првенец на генерација 2021/2025 во ООУ„Славчо Стојменски“ Виница на Ева Спасова
4. За првенец на генерација 2021/2025 во ООУ„Никола Парапунов“ с.Драгобраште на Дијана Анакиева
5. За првенец на генерација 2021/2025 во ООУ„Кочо Рацин“ с.Блатец на Ана Стоилковска“
Поклони и благодарници:
6. За најдобар полицаец за 2024/2025 на Даниел Манасиев
7. За најдобар пожарникар за 2024/2025 на Даниел Јованов
8. За најдобро медицинско лице за 2024/2025 на Д-р Оливера Спасова
9. Плакета за особен придонес во развојот и афирмација на Хуманите вредности се доделува на проф. Гоце Данилов
10. Плакета за голем придонес и развој на културните настани организирани од Општина Виница се доделува на Ивана Гошева
11. Плакета за општествено одговорна компанија на ДОО МАКПРОГРЕС Виница
12. Плакета за општествено одговорна компанија на ЈТД ЕЛЕН Виница
Од срце им честитам на сите наградени со желби за уште поголеми успеси.
Градоначалник Миле Петков