Сите вести
Да ја поканиме природата во нашите градови
- Hits: 365

✅️ Денес започнавме со реализација на уште еден проект, насловен „Да ја поканиме природата во нашите градови“, кој се имплементира преку програмата за прекугранична соработка помеѓу Македонија и Бугарија и истиот е финасиран од Европската Унија.
🤝 Проектот се реализира во партнерство со збратимената општина од Р. Бугарија, Општина Банско.
👉 Во Општина Виница со проектот се планира да се уреди просторот помеѓу Градечка река и ул. ,Кеј 30 Аавгуст“ со изградба на пешачка патека, да се уреди и опреми со урбана опрема: клупи за седење, корпи за отпадоци, да се предвиди дел со зеленило, ниско и високо зеленило и да се постави парково осветлување со канделабри на сончева енергија.
🌳 На постојната локација, се предвидува да се отстранат оние дрвја и стебла кои се веќе дотрајани или оштетени од невреме или други причини и да се засадат нови. Сите стебла кои се во добра вегетативна состојба и не се на трасата на патеката се задржуваат и се вклопуват во новиот амбиент.
✔️ Предвидено е да се изврши замена на дотраените рабници помеѓу коловозот и тротоартот со нови и да се постави систем за наводнување на зелениот појас и дрвјата.
Во проектот конкретно е предвидено:
1️⃣ Набавка и засадување на дрвја / садници:
➡️ Сребрена смрека со висина Н=150 см – 14 броја,
➡️ Листопадни дрвја (Sycamore) Н=150 см – 25 броја;
2️⃣ Набавка и сеење на трева на површина од 2260 м2;
3️⃣ Набавка и монтажа на урбана опрема:
➡️ Клупи со наслон – 26 броја,
➡️ Клупи поставени на ѕид, без наслон – 11 броја,
➡️ Канти за отпадоци – 24 броја
4️⃣ Набавка и монтажа на парково електрично осветлување:
➡️ Соларни ЛЕД светилки –33 бројa;
5️⃣ Изградба на пешачка патека во должина од 674 метри и ширина од 2 метри