Сите вести
Осма иселеничка средба
- Hits: 332

Во атарот на Манастир Св.Спас во с.Драгобраште се одржа осмата по ред средба на дијаспората. Оваа манифестација е реализирана благодарение на Здружение КАМЕН МОСТ Канели-Ница Италија, Општина Виница и Агенција за иселеништво на Република Македонија, и има една и единствена цел, можност за повторно поврзување со роднините, со пријателите, со родната земја.
Воведни обраќања и поздравување на присутните одржаа градоначалникот Миле Петков, директорот на Агенцијата за иселеништво Горан Ангелов и претседателката на Здружение Камен Мост Илона Захариева.
Присутните имаа можност да уживаат во музичка програма на естрадниот уметник Василија Петрова и играорната група Камен мост.