Туристичка понуда

Мобилност
Средби со граѓани
Улично осветлување

Сите вести

Eдукативната работилница за афоризми

Во рамките на постфестивалската програма на Дом на култура „Тошо Арсов“ Виница, се одржа едукативната работилница за афоризми под менторство на познатиот македонски афористичар Миле Ѓорѓиовски. На работилницата учествуваа ученици од предметна настава од ООУ „Славчо Стојменски“ Виница.
Преку разговори, практични вежби и примери од современата афористика, Миле Ѓорѓиовски ги воведе учениците во тајните на јазичната економичност, остроумноста и иронијата, а секој ученик имаше можност да создаде сопствени афоризми и да добие лична насока и коментар од менторот.
Работилницата се одржува по завршувањето на фестивалот „Ин Виница Веритас“, со цел да се продолжи духот на креативност, хумор и размислување што фестивалот го носи.

Општина Виница
ул. Бел Камен бр. 13
телефон: 033 361-945, mail: ovinica@t.mk