Туристичка понуда

Мобилност
Средби со граѓани
Улично осветлување

Сите вести

Есенски фестивал 2025

Во дворот на ООУ „Славчо Стојменски“ Виница, денес се одржа традиционалниот Есенски фестивал, кој и оваа година донесе многу насмевки, бои и мириси на есента. Настанот беше подготвен со голема љубов од учениците, наставниците и родителите, кои заедно создадоа вистинска есенска бајка.
Учениците изложија свои рачно изработени украси и творби инспирирани од природата. На штандовите се најде и многу домашни слатки, сокови и печива.
Програмата беше збогатена со песни, игри за децата и незаборавно шоу на Gjurcinowsky– полно со хумор, жонглирање, циркуски елементи и забава, кое предизвика громогласен аплауз од присутните. Атмосферата беше весела и пријатна, а училиштето беше исполнето со боите и духот на ова прекрасно годишно време.

Општина Виница
ул. Бел Камен бр. 13
телефон: 033 361-945, mail: ovinica@t.mk