Сите вести
Втората редовна седница на Советот
- Hits: 301

Советот на општина Виница денес ја одржа втората редовна седница. На почетокот на седницата, по усвојување на предлог дневниот ред, најпрво беше верифициран мандатот на советникот Имит Скопко, кој не беше присутен на претходната седница кога се верифицираа мандатите на сите советници.
Покрај изгласување на точката за изменување и дополнување на Буџетот на Oпштина Виница за 2025 година, втор Ребаланс на Буџетот, советот донесе одлуки и за неколку други доста значајни точки за граѓаните, како:
-Одлука за доделување на парична поддршка од 6000 денари за секое новороденче;
-Одлука за отстранување на хаварисани, напуштени и нерегистрирани возила од јавните површини на Општина Виница;
-Одобрување на Програма за организиран дочек на Новата 2026 година, и др.
Во делот на советнички прашања, дел од советниците дадоа свои предлози кои вреди да се разгледуваат на наредни седници, како доделување на стипендии на ученици од ранливи категории на граѓани, проследување на финансиски извештаи и др.