Сите вести
Санираме патот во село Истибања
- Hits: 131

На барање на жители во село Истибања со градежна механизација го санираме патот кој беше во лоша состојба како резултат на поројните дождови изминатите 2 недели. Истиот ќе биде асфалтиран откако ќе се заврши со уредувањето на Кајанечки дол, проект на кој исто така направивме увид и кој повторно започна да се работи откако дозволија временските услови.