Сите вести
Најава на новогодишната програма на Општина Виница
- Hits: 140

Драги сограѓани,
со искрено задоволство ви ја најавувам Новогодишната програма на Општина Виница, отворена за сите граѓани кои сакаат да ја почувствуваат новогодишната и божиќната магија. Ве поканувам со вашето присуство да ја разубавиме и збогатиме празничната атмосфера во нашата Виница, создавајќи заедно моменти исполнети со радост, топлина и заедништво.