Сите вести
Промоција на веб страна proekti.gov.mk
- Hits: 157

Денес во Клубот на пратеници присуствував на промоција на веб страна proekti.gov.mk, дигитална алатка што овозможува детална проверка на реализацијата на проектите финансирани од државниот буџет, од договорите и динамиката на изведба, до секој рок и секој извршен чекор.
Преку ваквиот систем, кој се воспоставува по првпат во земјава сите граѓани и општествено релевантни чинители ќе може во реално време и транспарентно преку proekti.gov.mk да го следат текот на јавните проектите.
На овој промотивен настан, премиерот Мицкоски ги презентираше и резултатите од првиот и вториот јавен повик финансиран преку средствата обезбедени од Владата, во кој се опфатени и 15 проекти во Општина Виница, од кои дел од нив се завршени, најголем дел од нив во тек на реализација и дел од нив наскоро ќе започнат со реализација.